Во Дебар пет новозаразени со Ковид-19, активни 10 случаи

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје речиси еден месец нема нов случај на заразен со Ковид-19/ Фото: МИА

Засега состојбата е под конторла, но како што оди трендот и очекувањата во следните денови ќе имаме појава на спорадични случаи со Ковид-19, оцени Дука.

Во Дебар официјлани податоци потврдуваат дека во последното деноноќие се регистрирани пет нови случи на ковид-19, сите жители на градот.

Вкупната бројка на заразени до сега изнесува 61 лице, од нив две од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка 47 се излекувани, четворица починаа, активни на болеста се 10 лица.

По цели педесет дена од последно излекуваниот пациент коронавирусот во Дебар се врати на 5 мај, кога беше дијагностициран кај жена од селото Долно Косоврасти, а два дена потоа и кај маж од Дебар.

Три нови случаи беа потврдени на 12 јуни, кога соопштувајќи ги податоците градоначалникот Хекуран Дука, искажа разочарување од своите сограѓани кои недоволно ги почитуваат мерките за заштита.

-Поради непочитувањето на превентивните мерки од страна на граѓаните имаме повторно појава на заразени во нашата општина. Тоа се случи по еден подолг период, во кој нашата општина се сметаше за зелена зона. Засега состојбата е под конторла, но како што оди трендот и очекувањата во следните денови ќе имаме појава на спорадични случаи со Ковид-19, оцени Дука.

Во Општина Дебар, според полициската статистика во самоизолација моментно се 47 лица и врз сите нив во изминатото деноноќие биле извршени кинтроли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот