Во бугарскиот Парламент влез само со зелен сертификат

Фото: Архива на Слободен печат

 Од 24 јануари во зградата на Народното собрание во Бугарија ќе се влегува со „зелен сертификат” или негативен тест, јави дописникот на МИА од Софија.

Одлуката ја поддржаа „Продолжуваме со промената”, ГЕРБ-СДС, ДПС, БСП и „Демократска Бугарија”.

„Има таков народ” и „Преродба” не учествуваа во гласањето. „За” гласаа 153 пратеници, немаше „против” и  воздржани четири од вкупно 240.

Брзите антигенски тестови ќе ги плаќаат само пратениците и нивните соработници, за сите останати вработени, а за претставниците на медиумите ќе се плаќа од буџетот на Народното собрание.

Партијата „Преродба” најави дека свикуваат протест на 12 јануари пред Народното собрание во Софија.

Правната комисија на бугарскиот Парламент вчера го поддржа предлогот за „зелен сертификат” и тестирањето да се воведе од 24 јануари. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот