Во Бугарија регистрирани два случаи на заразени од коронавирус

Началникот на воено-медицинската академија во Софија, Венцислав Мутафчииски, на прес-конференција објави дека две лица се позитивни на тестовите за коронавирус во Бугарија.

Станува збор за маж од 27 години од Плевен и жена 75 години од Габрово, кои не патувале во странство и не престојувале на ризични дестинации, пишува „БГНЕС“.

Властите најавија дека ќе бидат земени и примероци од оние со кои заразените биле во контакт.

Двете лица се во изолација во болница и се наоѓаат во добра состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот