Во Бразил, поради уништувањето на шумите, емисиите на стакленички гасови зголемени за речиси 10 отсто

Рио де Жанеиро / Фото: EPA-EFE/Marcelo Sayão

Емисиите на стакленички гасови во Бразил се зголемија за 9,5 отсто минатата година, најмногу поради уништувањето на шумите, што ја прави земјата една од ретките големи светски економии што не го намали загадувањето за време на заклучувањето и пандемијата на коронавирус.

На глобално ниво, емисиите на стакленички гасови се намалија во просек за седум проценти во 2020 година поради рестриктивните мерки наметнати поради пандемијата на Ковид-19, која ја парализираше глобалната економија.
Но, Бразил испуштил 2,16 милијарди тони јаглерод диоксид во истиот период, што е највисоко од 2006 година, се наведува во извештајот на Здружението на еколошки групи кои дејствуваат под името Климатска опсерваторија.
„Порастот на уништувањето на шумите во Бразил, особено во Амазонската прашума, во таа земја резултираше со спротивен тренд забележан на остатокот од планетата”, се вели во извештајот.
Уништувањето на шумите во Бразил особено се зголеми откако лидерот на екстремната десница Жаир Болсонаро ја презеде функцијата во 2019 година, со намера да ги отвори заштитените области за земјоделството и рударството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот