Во Албанија почна да се печати едукативен изборен материјал на македонски јазик

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Албанската централна изборна комисија, ЦИК, како што најави, почна со печатење едукативен изборен материјал и на македонски јазик.

Денеска објави плакат со предупредување, поврзан, како што наведува, со тоа што значи изборен криминал.
Под наслов изборен криминал- внимание се наведуваат пет дејствија кои претставуваат кривично дело за кои се предвидени затворски казни од три месеци до осум години.

„Активната или пасивната корупција на изборите како што се нудење и примање пари, материјални добра или други услуги во замена на глас, секоја усилба или фотографирање на гласот и покажување на други, гласањето повеќе од еднаш, или гласањето за други лица со поднесување лажни документи за идентификација или користење на документи на други избирачи, намерното дозволување на гласање од страна на избирачките одбори, без да се изврши идентификација на граѓанинот според законот, како и секое дејствие што ги нарушува изборите, како гласањето со закана, фалсификување или оштетување на изборниот материјал“, се дејствија кои ги наведува ЦИК на македонски јазик“, а се сметаат за кривично дело.

Исто така се упатува и порака до граѓаните.

„Доколку забележите прекршување на законот веднаш пријавете во органите за спроведување на законот. Гласај за да бидеш слушнат“, порачува ЦИК на македонски јазик.

Локалните избори, на кои се избираат градоначалници и членови на советите, во 61 општина во Албанија, ќе се одржат на 14 мај годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот