Во Албанија новодијагностицирани 21, вкупно 467 лица со Ковид-19

Коронавирус во САД/Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Од новозаразените еден е здравствен работник и две асиптоматични деца,со што бројката на зарзаени деца се зголеми на 18.

Во изминатото деноноќие во Албанија новодијагностицирани со Ковид-19 се 21 лице, со што вкупната бројка се зголеми на 467 лица. Од новозаразените еден е здравствен работник и две асиптоматични деца,со што бројката на зарзаени деца се зголеми на 18.

– Во последните 24 часа се тестирани 193 сомнителни случаи, од кои кај 21 е дијагностициран Ковид-19. Досегасе тестирани 4.070 сомнителни случаи, а позитивен резултат има кај 467 од нив.Добра вест е што во изминатото деноноќие излекувани се 15 лица, со што вкупната бројка на оние кои ја добија битката со опасниот вирус се зголеми на 232 лица. За жал и покрај максималните напори на здравствениот персонал до сега починати се 23 лица, изјави Албана Фицо, директорка на Институтот за јавно здравје.

Според неа во моментот во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” хоспитализирани се 52 пациенти, од нив 14 се на интензивна терапија, додека седум се интубирани.

Како ново жариште на болеста го посочи подрачјето на северниот град Скадар, каде до сега има 70 заразени од кои во последното денониоќие 13 лица. И понатаму најголем број од вкупно заболените се од Тирана или 221, од нив новозаразени се само шест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот