Во Албанија минатата година азил побарале 125 а добиле 24 лица

Тирана, Албанија
Тирана, Албанија / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Бројот на лицата баратели на азил во Албанија значително се намалил во 2022 година, по значителниот раст забележан во 2021 година, како резултат на пристигнувањето на авганистански државјани кои избегаа од војната и привремено дојдоа во Албанија, врз основа на договорот меѓу албанската и американската влада, јавија албанските медиуми.

Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, минатата имало само 125 барања за азил, наспроти 2.533 во претходната година.

Барателите на азил со потекло од Авганистан учествуваат со 28,8 отсто од вкупниот број или 36 лица по што следуваат оние од Украина со 27 барања.

– Во текот на 2022 година донесени се 24 позитивни решенија за доделување статус на дополнителна заштита на баратели на азил, од кои 10 се на државјани со авганистанско потекло, 6 на државјани со египетско потекло, 5 на државјани од Сирија и 3 случаи на државјани од Тунис, потврдува официјалната статистика.

Пред неколку години, кога бегалците од Сирија, албанската територија ја користеа како транзит, кон западно европските земји, бројот на баратели на азил само од оваа земја ја надминуваше бројката од три илјади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот