ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски е виновен зашто не функционира системот

ВМРО штаб / фото: Слободен печат / Драган Митрески

Спасовски е 8 години министер, тоа што не функционира системот е негова вина, Вања можела да биде спасена, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот за внатрешни работи.

-ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција извади доказ од кој јасно се гледа дека МВР на Спасовски знаела дека возилото на убиениот Панче е исчезнато и ме распишале централна објава по него. Доколку МВР на Спасовски распишеше централна објава по возилото на Панче, и неговите убијци ќе биле фатени уште на 24-ти ноември кога влегло во Скопје или на 25-ти кога повторно е лоцирано на камерите на „Безбеден град“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, МВР имало  три дена кога возилото на Панче било возено низ Скопје да ги фати убијците на Панче, со што  до убиството на Вања немало да дојде. ВМРО-ДПМНЕ бара Спасовски да понесе одговорност, а со него и СДС М зашто го уништиле системот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот