ВМРО-ДПМНЕ објави имиња на директори на средни училишта кои не пријавиле имот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска објави имиња на директори на средни учиулишта во Скопје за кои немало јавно објавени анкетни листови бидејќи, како што велат од партијата, тие криеле имот.

„Јавно објавени анкетни листови и пријавен имот нема Силвана Кржовска директорка на СУГС ‘Јосип Броз Тито‘ која доаѓа од партијата на власт ДОМ, Митко Димовски, директор на СУГС ‘Орце Николов‘, Горанчо Николовски, директор на АСУЦ ‘Боро Петрушевски‘, Тања Јовановска директор на СУГС ‘Васил Антевски Дрен‘ и Маја Салиу директор на СМУГС ‘Д-р. Панче Караѓозов‘. Дали овие лица се дел аферата тајни имоти?“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат што кријат директорите на овие средни училишта под јурисдикција на град Скопје и зошто не го пријавиле својот имот на увод на јавноста?

„Што презема ДКСК и дали ќе поднесат пријави за функционерите. Или ќе продолжат да ги штитат функционерите кои не ги почитуваат законите, како што го направија тоа со дезертерот Ковачевски?“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот