ВМРО-ДПМНЕ ќе се активира на терен, кампањата се вика „Промените се случуваат секогаш со народот“

Ѓорѓија Сајкоски

ВМРО-ДПМНЕ започнува широки активности на терен под слоганот „Промените се случуваат секогаш со народот”, соопшти денеска Ѓорѓија Сајкоски од партијата.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога е најтешко сме биле со народот, така остануваме и сега. Укажуваме на сите дека позитивните промени кои што се случија во локалната власт мора да случат веднаш и на централно ниво, оваа власт мора да си замине. Мора да си замине за да се запрат криминалот и корупцијата, мора да си замине за да оди нашата држава напред, само со нова власт оваа држава може да оди напред. Надеж да дадеме на сите граѓани во Македонија дека може подобро и знаеме како“, рече Сајкоски.

„Денес се случува штрајк во образованието, просветните работници штрајкуваат. Ние ги подржуваме барањата на просветните работници бидејќи нивните барања се реални и нивните барања соодвејствуваат со денешната ситуација каде што инфлацијата се зголемува секојдневно. Се зголемуваат цените на сите продукти и производи, енергенсите поскапуваат а маслото за јадење е 100 проценти поскапо денеска. Ние укажуваме дека заедно сите можеме да ја подобриме нашата држава и затоа ги повикуваме сите граѓани заедно да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ. На таков начин може да се спречат и лошите штетни договори со Бугарија и да и дадеме шанса на нашата држава да оди напред“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот