
Власта се плаши од целосна декласификација на документите, вели Петровска
Нашето барање за целосна декласификација на документите предизвика нервоза кај власта, која се обидува да се претстави како жртва смета пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Препорачано
Петровска во гостување на „Сител“ рече дека приоритет е документите да станат јавни, за граѓаните да добијат одговори на сите прашања и да се отстранат сомнежите.
„Најавата за целосна декласификација предизвика нервоза кај оние кои сакаат да се прикажат како жртви, затоа што ќе бидат објавени информации кои нема да им се допаднат. Ние сакаме сè да биде објавено, за јавноста да ја дознае вистината“, истакна таа.
Петровска потсети дека претседателот на Комисијата, Скендер Реџепи, барање за безбедносен сертификат поднел уште кон крајот на 2024 година, а законскиот рок од шест месеци одамна е пробиен.
Таа оцени дека честите одлагања и самостојното закажување на седници од негова страна создаваат лош впечаток за Собранието.
„АНБ не е сопственост на ниту една партија, туку е столб на државата. Реформите мора да продолжат со вклучување на експерти, академската заедница и невладиниот сектор“, додаде Петровска.