Владо Поповски: Процедурата за измена на Уставот не е започната, таа мора да почне во Собранието

Владо Поповски / Фото: Слободен печат, Архива

Поранешниот министер за одбрана и правда и првиот директор на Агенцијата за разузнавање, професор-доктор Владо Поповски вечерва во емисијата „24 отворено“ рече дека процедурата за измена на Уставот сѐ уште не е започната.

Ова особено важи за процедурата во оние делови во кои Владата која е овластен предлагач – таа не е започната во Собранието, вели професорот-правник и историчар.

„Значи дека самата процедура е изместена, надвор со Собранието барем на фактички начин и веќе се објавува во јавност составот на комисијата, веројатно ќе почнат да се објавуваат темите за кои се бара измена. Сето тоа ќе се случува што значи пред да почне било каква активност во Собранието. И се создава клима во која се поставуваат прашања, која е потребата на Владата, наместо да влезе во Собранието и да каже дека постои потреба, да ја дефинира областа, за кои прашања се потребни измени. Имам чувство дека тоа се прави со мотив на борба за политичко-партиски рејтинг во јавноста на една година пред изборите, за да се содаде основа некој да биде наводно виновен што ја кочи постапката за самата процедура“, изјави проф. Поповски.

Професорот е еден од експертите кои го пишуваа текстот на македонскиот Устав во 1990 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот