Владините и јавните институции почесто да ги ажурираат своите веб-страници

Знамето на НАТО пред зградата на македонската Влада
Знамето на НАТО пред зградата на македонската Влада / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Владата на денешната седница ја прифати иницијативата на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, институциите од јавниот сектор да го зголемат обемот на информации од јавен карактер што ги објавуваат на своите веб-страници, со што значајно ќе се унапреди транспарентноста и отчетноста на институциите, информираат владините служби.

– Кабинетот на вицепремиерката Грковска во соработка со Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер и Центарот за управување со промени, по претходна анализа на информациите што граѓаните, медиумите, граѓанскиот сектор ги барале врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, подготви Упатство за подобрување на транспарентноста на институциите од јавниот сектор, во кое се содржани податоци за информациите кои граѓаните најчесто ги бараат поделени во 37 области – се вели во информацијата.

Сите иматели на информации, според информациајта, во рок од шест месеци треба да ги објават информациите што ги поседуваат, систематизирани по области како што е наведено во Упатството за подобрување на транспарентноста на институциите од јавен сектор.

– Со денешниот заклучок на Владата се задолжуваат, министерствата, органите во состав на министерствата, самостојните органи на државната управа, самостојните државни органи кои одговараат пред Владата, јавните претпријатија основани од страна на Владата, акционерските друштва во државна сопственост, како и другите иматели на информации, во рок од 15 дена од усвојување на оваа Информација да ги објават задолжително информациите од член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кои досега ги немаат објавено, а објавените информации редовно да ги ажурираат на месечно ниво – стои во информацијата.

Истовремено сите иматели на информации на своите веб-локации треба да ги објават анонимизирани барањата за пристап до информации од јавен карактер, заедно со одговорите кои веќе ги доставиле до барателот, со цел да можат да бидат повторно употребувани од други физички и правни лица. Истовремено, се задолжуваат сите иматели на информации најдоцна во рок од шест месеци од усвојувањето на оваа информација да постават банер со наслов „информации oд јавен карактер” на видливо место на нивните веб-локации и истиот да води до информациите од јавен карактер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот