Владата со нов пакет мерки: Помош од 3.000 денари во наредните 4 месеци за ранливите граѓани

Плоштад „Македонија“ во Скопје
Плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Владата го усвои Предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Според планот на Владата во следните четири месеци финансиска помош од 3.000 денари или вкупно 12.000 денари предвидено е да добијат корисниците на право на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба како и други типови на социјално загрозени лица во земјава.

Од СДСМ велат дека сите пратеници во Собранието треба да го поддржат предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза со цел помошта кон граѓаните да започне да се исплаќа веќе следниот месец.

– Во време на криза, никој нема да биде оставен сам, грижата за сите граѓани продолжува“, се велат од СДСМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот