парис хилтон картер реум
Фото: Принтскрин / Instagram

Вистинска принцеза од Бел-Ер: Парис Хилтон се омажи за Картер Реум!

Парис Хилтон и Картер Реум конечно се венчаа!

По две години заедно со Картер, и по она што беше нејзина трета веридба, Парис конечно доби совршен љубовен епилог на нејзиното неизвесно романтично патешествие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Картер ја запроси Парис во февруари за време на романтичен одмор на остров на нејзиниот роденден, а нивното патешествие до олтарот беше документирано во новото реално шоу на „Peacock“ насловено „Paris in Love“, кое ја имаше својата премиера токму на денот на венчавката на 11 ноември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Во август Парис гостуваше во „The Tonight Show“ и објави дека овековечувањето на нејзината љубов со Картер ќе биде тридневен настан, а таа веројатно ќе носи „десетина“ различни фустани.

40-годишната невеста не се воздржа да сподели фотографија во венчалниот фустан од навезени цветови од Оскар де ла Рента и вел на својот профил на Инстаграм, велејќи „Моето засекогаш започнува денес“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Беше тоа венчавка која чинеше цело богатство, која воедно беше и ултимативна собиранка и модна парада на светски познати личности. Ѕвездите пристигнуваа облечени во врвно стилизирани аутфити, и сечие пристигнување беше пропратено со пречек од забележителни фотографии и стилски забелешки.

бебе реџа
Фото: Бебе Реџа / Извор: Profimedia

Ема Робертс пристигна со блиските пријателки Кејд Хадсон, Бебе Реџа, Паула Абдул. Беше присутна и Рејчел Зои заедно со сопругот Роџер Берман.

gosti paris hilton
Фото: Рејчел Зои / Извор: Profimedia

Родителите на Парис, Кети и Рик Хилтон пристигнаа на венчавката заедно со сестрата на Кети, Кајли Ричардс и нејзиниот сопруг Маурицио Умански.

Фото: Кети Хилтон / Извор: Profimedia

Венчавката се одржа на имотот на нејзиниот починат дедо В. Барон Хилтон во Бел-Ер, Калифорнија, вреден 61.5 милиони долари, а и како што доликува за Парис, и самата венчвавка чинеше вртоглава мулти-милионска сума. Изборот на локацијата беше во последен момент откако двојката реши да ги откаже плановите во црква, и иако овој имот неодамна беше продаден по декади во посед на семејството Хилтон, сепак беше финалниот избор со емотивна порака како симпатичен омаж на Парис кон нејзиното семејство.

По повод церемонијата беше изграден огромен подиум во градината меѓу базенот и естетизираните градини, а иницијалите на Парис и Картер биле насадени во розови и бели цветови.

имот бел-ер парис хилтон
Фото: Имотот на Барон Хилтон, Бел-Ер, Калифорнија / Извор: Profimedia

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот