ВИДЕО: Вереничкиот прстен на Парис Хилтон вреди 2 милиони долари

Instagram
Instagram

Американската ријалити ѕвезда и мултимедијална личност, Парис Хилтон, беше запросена од нејзиното момче Картер Реум, на 17 февруари, точно на денот кога таа наполни 40 години.

Парис на својата веб-страница parishilton.com се пофали со видео, од кое може да се види дека прстенот е направен специјално за неа. Дизајнерот креирал модел на прстен кој го носи нејзиното име, а на видеото можете да видите како го црта и слика масивниот дијамантски прстен и се обидува да ги пренесе сите детали што е можно попрецизно. Прстенот се состои од главен дијамант, а околу него има десетици помали дијаманти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


„Нејзиниот веренички прстен вреди околу 15-20 карати и е инспириран од Ајфеловата кула. Цената е скоро 2 милиони долари“, изјави Кетрин Мани, која е специјализиран продавач на дијаманстки прстени во компанијата „Brilliant Earth“.

„Тоа е импресивен прстен. Класичен дизајн кој ги означува минатото, сегашноста и иднината, многу убаво дизајнирано. Со врвен квалитет на дијамант, го проценувам прстенот помеѓу 1,5 до 2 милиони долари”, изјави Денис Степански, основач и сопственик на „It’s Hot Diamond Jewelry and Watches“.

Парис се пофали на нејзината страница, а притоа ја сподели и информацијата дека се ангажирани најдобрите експерти и занаетчии за да и го направат вереничкиот прстен, но објави и видео од дизајнот на нејзиниот скапоцен веренички прстен, рачно насликано во студиото на Жан Дусе, наследникот на Луј Картие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


„За овој специјален проект се собрани најдобрите обработувачи на дијаманти и златари“, напиша Парис на својата страница.

Да потсетиме, ова е четврти свршувачки на Парис Хилтон, откако се вери во 2002, 2005 и 2018 година, а фановите се надеваат дека овој пат конечно ќе се омажи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот