Домот-Музеј на Есма Реџепова, фото|принтскрин

ВИДЕОРЕПОРТАЖА | Дрвениот крст од погребот на Стево – нем сведок на желбите на Есма

Под музејот на современа уметност, во сенките на Кале се крие куќа – музеј, која со текот на годините стана урнатина. Првично е направена да биде културен центар и место за хуманитарни настани. „Слободен печат“ со видеоприлог се потруди да ви ја донесе реалната состојба на „музејот“ кој после смртта на Есма Реџепова и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски и поради бројните семејни недоразбирања и неодржување е оставен под надлежност на државата.

Музејот првично требало да се гради на Водно, но, поради поделбата на граѓаните според етничка припадност, со големи маки и напор започнал да се гради на Скопското кале.

По смртта на нејзиниот сопруг Стево, на Реџепова ѝостанале многу долгови. Таа решила да земе кредит и да го доврши. Но, музејот за жал, е во уште полоша состојба.

Се упативме кон дворот. На влезот имаше голем душек фрлен на земја, распространети работи од нивниот дом, а од прозорецот рефлектираше дрвениот крст од погребот на Стево, потпрен на ѕидот. Во другите простории беа украдени персонални работи, санитарии, а дипломите и сликите на Есма и Стево беа расфрлани насекаде.

Домот-Музеј на Есма Реџепова, Фото: Принтскрин
Домот-Музеј на Есма Реџепова и Симеон Атанасов, Фото: Принтскрин

Тоа што на „крадците“ им изгледало безвредно се нивните портрети на ѕидот и нејзината скулптура која стои среде собата.

Проследете ја целата видеорепортажа и откријте ги личните приказни и патешествија на нејзиниот посвоен син Симеон Атанасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот