ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Василевска за „Слободен печат“: Европските партнери не се среќни од односот на Бугарија кон македонскиот народ

Иванка Василевска/слободен печат/фото Слободан Ѓуриќ

Во интервју во емисијата „Слободен печат“, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и професорка на Правен Факултет, Иванка Василевска зборуваше за евроинтегративниот процес и потребата од усвојување на уставните измени.

Василевска смета дека уставните измени и внесувањето на Бугарите е закана за македонската нација, додавајќи дека поставеноста на ЕУ е комплексна, но и дека внатре во Унијата, симпатиите се повеќе кон Македонија отколку кон Бугарија.

„Кога разговарам со нашите европски партнери, тие воопшто не се среќни од начинот на кој нивните бугарски колеги, нашите соседи, се однесуваат кон Македонија и македонскиот народ. Многу е комплексна целата поставеност на Европската унија, но таму симпатиите се повеќе на страна на Македонија отколку на страна на Бугарија“, рече Василевска.

Таа додаде дека евроинтеграциите и се потребни на државата и дека на граѓаните им треба вистинска политика, а не популизам.

„Евроинтеграциите се важни ако имаме реален правосуден систем ако имаме професионална администрација, ако им дозволиме на уметниците да бидат уметници, политичарите да бидат политичари, докторите да бидат доктори итн… тоа се европски вредности“ посочи Василевска.

Целото интервју со проф. д-р Иванка Василевска погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот