ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Василевска од ВМРО-ДПМНЕ за укажувањата на О’Брајан: Се надевам дека нашите стратешки партнери ќе го сменат својот наратив

Иванка Василевска/слободен печат/фото Слободан Ѓуриќ

ВМРО-ДПМНЕ очекува стратешките партери САД и ЕУ да го сменат својот наратив и однос кон Македонија. Ова може да се излече како заклучок од ставовите на Иванка Василевска, пратеничка и членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во интервју за „Слободен печат“, на прашањето за укажувањата на високиот американски претставник Џејмс О’Брајан кон ВМРО-ДПМНЕ, Василевска одговори дека тие како партија се благодарни на укажувањата.

„Се надевам дека нашите стратешки партнери ќе го сменат својот наратив посочи Василевска, а на прашањето дали ние можеме да го смениме наративот на нашите партнери таа одговара дека „се` што може да се напише на хартија може одново да се напише“.

Василевска не одговори што ВМРО-ДПМНЕ ќе им понуди на граѓаните на претстојните избори, туку само замоли граѓаните да биле трпеливи уште некое време.

Целото интервју со проф. д-р Иванка Василевска погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот