ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Англичаните на пат да станат првата непушачка нација во светот

Жанета Скерлев / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Британската владата предлага од 2027 година никој под 18 години да не може да пуши, земјата се стреми кон тоа да воведе комплетна забрана за пушење на цигари, вклучително и електронски цигари за сите.

Ако помине овој закон Британија ќе стане првата земја која вовела една од најстрогите анти-пушачки мерки во светот, вели за „Слободен печат“, Жанета Скерлев, дописничка и колумнистка од Лондон.

-Доколку се усвои овој закон Велика Британија ќе се запише во историјата како првата земја која создала прва непушачка генерација во современото општество. Ако се оди како што е планирано премиерот Риши Сунак сака да го забрани пушењето воопшто. Нашите премиери овде сите се познати по нешто, некој по лошо, а некој по добро. Сунак очигледно сака да биде познат и да остави трага во историјата дека го забранил пушењето во Велика Британија и да создаде прва генерација на непушачи – вели Скерлев.

Со оваа одлука сите што се родени по 1 јануари 2009 година нема да смеат да запалат цигара, додава Скерлев.

Историско забрането пушење

Целта е да се подобри здравјето на луѓето, но аналогно на тоа оваа законска регулатива предвидува и стабилизирање на економијата во земјата.

 

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Петровски: Никотинските бомби „снус“ и „вејп“ не се за малолетници

-Стручните лица велат дека годишно се губат 17 милијарди годишно се губат поради разни болести поради пушењето. Сето тоа се одразува и врз економијата и врз здравствениот систем кој и онака е оптоварен, а дополнително би бил ако луѓето продолжат да пушат – рече Скерлев.

Таа објаснува дека се предвидени и високи казни во случај Парламентот да го усвои овој предлог закон како за производителите така и за трговците, но и за пушачите доколку бидат фатени.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јанаки Митровски: На „Конопфест“ ќе има натпревар по „ролање“, но не канабис

 

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот