ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ончев: Сакам да го слушам звукот на пијаното и аплаузот на публиката, светските сцени се мојата цел

Стефан Ончев - талентиран пијанист / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини… се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.
Стефан Ончев има 11 години, ученик е во основно училиште. Од своите врсници се разликува по тоа што е врвен пијанист. За себе вели дека сака свирењето на пијано да му стане професија, а концертите секојдневие.

Стефан Ончев – талентиран пијанист / Фото: “Слободен печат” / Драган Митрески

– Основно училиште посетувам во „Никола Вапцаров“ во Струмица, додека музичко училиште посетувам во „Боро Џони“ од Струмица. Со пијаното се дружам уште од мојата седма година. Кога тргнав прво одделение, мајка ми ме запиша во музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица и најпрво учев теорија и солфеж- вели Ончев.

Кога тргнал во второ одделение, се запишал на пијано. На почетокот свирел поедноставни вежби, но, како минувало времето станувало се поинтересно.

Стефан Ончев – талентиран пијанист / Фото: “Слободен печат” / Драган Митрески

-Како растев повеќе време посетував на инструментот. Така напредував. Мојата наставничка Ана Цунева ме пријави на мојот прв натпревар каде што имав голем успех. Љубител сум на живи композиции, сакам повеќе да свирам брзи композиции за кои нормално треба да се посвети повеќе внимание и вежбање. Имам свирено дела од многу композитори, Моцарт, Бетовен, Хајден, Григ, Скарлати и многу други, а од наши композитори имам свирено од Томислав Зогравски и Благој Цанев- вели Ончев.

Неговите цели и амбиции се да се усоврши како пијанист.

-Би сакал таа работа да ја работам професионално и да излезам на светските сцени. Сакам да свирам во помали сали и да го слушам аплаузот на публиката.

Стефан Ончев/Фото: Слободен печат

Пробал да компонира еднаш или два пати, но не било едноставно. За тоа вели дека треба поголемо музичко образование.

-Моите цели и амбиции се да се усовршам како пијанист- вели Ончев.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот