Радан Митровиќ е еден од основачите на Скопското астрономско друштво фото: Принтскрин

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Митровиќ: Гледајте го небото ноќе, запознајте се со темнината

Радан Митровиќ е еден од основачите на Скопското астрономско друштво. Дојден во Скопје поради студии, од мало село во Србија.

Тие што го познаваат, можат да го сретнат и на плоштадот во Скопје. Тој е сам со небото и со неговиот телескоп и најчесто им раскажува на луѓето и на помалите деца што најмногу се радуваат кога ги гледаат најблиските планети и ѕвездите.

Тој заедно со Скопското астрономско друштво има организирано многу настани, едукативни работници и изложби со фотографии од небото.

Според него, вистинското искуство почнува тогаш кога очите ќе се навикнат на мракот и ќе се отвори целата длабочина на космосот.

– Гледајте го ноќното небо, надвор од градот, тоа е многу важно, запознајте се со темнината – вели Радан.

фото: ФБ- профил на Скопско астрономско друштво

Често им раскажува на луѓето дека токму случајностите ја будат љубовта кон ѕвездите.

– Многу луѓе што ме знаат мене, биле на пат, па на плажа, или им се расипала колата на автопат и морале да бидат по темнина. И тогаш се одушевиле од Млечниот Пат, особено во летни месеци- вели Митровиќ.

Со него разговаравме и за недостатоците и поддршката која фали во Македонија за луѓето кои сакаат да истражуваат.

– За жал, Македонија, пример, сè уште немаме опсерваторија, вели Митровиќ.

фото: ФБ- профил на Скопско астрономско друштво

Тој додава дека тој опсерваторски центар не би бил само за научни истражувања, туку и за студентите кои сакаат практично да видат како изгледа работата на астрономите.

– Да биде убаво и за наука, да можат студентите што учат овде астрономија да видат како се ракува со телескоп, како се наоѓаат астероиди….

За него, ноќното небо е живо искуство кое не се заборава лесно. Радан не ја гледа астрономијата само како наука, туку и како начин за поврзување со луѓето.

– Може да ви се случи да пројде некој добар метеор кој исто така знае да ви го покрене адреналинот- вели тој.

фото: ФБ- профил на Скопско астрономско друштво

Иако и самиот признава дека е дел од „модерната цивилизација“ врзана за телефони, Радан верува дека секој може да најде време за небото. Доволни се неколку моменти во темнина за да почувствуваме дека сме дел од нешто многу поголемо – и многу поубаво – од секојдневната трка.

– Потрошете си барем два пати во годината, по пола саат. Седете со пријатели, со саканите, покажете им. Ако имате двоглед – супер. Ако немате – пак супер – вели Митровиќ.

фото: ФБ- профил на Скопско астрономско друштво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот