ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Костовски: „Камерата стана мојот тефтер“
Агнеса Чаволи
Пред
Има ли Македонија креативци? Што креираат и по што се издвојуваат? „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на креативците да ѝ ги претстават своите дела и идеи на пошироката јавност.
Во овој серијал ви го претставуваме Ристо Костовски – стар скопјанец и фотограф, кој по долгогодишната кариера како телекомуникациски инженер, ја започнува својата „опсесија“ со фотографијата.
Костовски ја започнaл својата фотографска патека со купувањето на првата камера, што е само почеток на неговото патешествие. По 30 години работа како телекомуникациски инженер тој наоѓа утеха во џез-музиката и фотографијата, заменувајќи го хобито електроника со фотоапарат, која станува главна инспирација на неговото патување.
„Бегав од реалноста“, вели тој, опишувајќи како фотографијата му помогнала да го доживее светот поинаку.
Спомените од летата во Дојран, во нивната скромна куќичка каде што со родителите го поминувал времето, дополнително го инспирирале во создавањето на фотографии.
„Убавината на езерото, мирисот на водата и трпението што го изградив со рибарењето, ми беа силна инспирација за да почнам со еден вид фотографска медитација“ – раскажува Костовски за „Слободен печат“.
Фотографија – Ристо Костовски- Дојран
Неговата опсесија за фотографија продолжува и по пензионирањето. Најчесто можеме да го сретнеме во Старата скопска чаршија, фотографирајќи, шетајќи по улиците на градот, документирајќи ги своите гледишта на општеството, промените, и да ни го прикаже градот во една поразлична слика.
„Камерата стана мојот тефтер“, додава тој.
Ристо Костовски- Фотограф / фото: Драган Митрески
Во текот на својата кариера, Ристо организирал четири самостојни изложби. Првата, насловена „Урбани рефлексии“, се однесува на времето и реалноста во Скопје. Следува втора изложба во КСП Центар-Јадро, со истите фотографии. Неговата трета изложба, „Попатни одблесоци“, и четвртата, „Поинаку“, се одржуваат во Музејот на Македонија.
Фотографија – Ристо Костовски- Дојран
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Фамилијарните одмори и патувања за неа имаат посебно значење. Како најинтересни ги издвојува моментите поминати во автомобил кога патувале до некое ново место. Премногу била љупопитна како дете и поставувала многу прашања, па затоа и често и купувале енциклопедии, а за време на патувањата родителите „ја испрашувале“, открива за „Мое лето“, пратеничката и поранешната министерка …
Замислете дека сте затворени во соба од која единствениот начин за излегување е код кој се крие некаде во загатките. Доколку сакате авантура, адреналин, фанатици сте на авантуристички или хорор филмови, во Скопје се крие едно место идеално за вас! Станува збор за „Ескејп рум“, совршено место за забава за оние кои сакаат да истражуваат …