ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Јован Деспотовски: Гасната централа „Митилинеос“ ќе донесе поевтина струја и ќе го намали загадувањето

Јован Деспотовски - директор на ТИРЗ / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Грачкиот „Митилинеос“ е голем играч на светскиот пазар, станува збор за компанија која во моментов има приход од 7-7,5 милијради евра и како таква има пристап до најевтиниот извор на гас на Европа, со цена на холандската берза, тоа е пристап што државното ЕСМ го нема.

Гасната централа „Митилинеос“ е стратешка инвестиција која ќе ја намали нашата енергетска зависност, ќе заштеди пари од намалениот увоз на струја, ќе донесе поевтина електрична енергија затоа што грчката компанија има пристап до евтин гас, каков што ние како држава со нашата потрошувачка нема да може да обезбедиме и она што не може да се мери со пари- че го намали загадувањето и ќе спаси многу човечки животи.

Ова се пораките што ги упати Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони кој гостуваше во Слободен печат ТВ.

– Енергетската транзиција е веќе глобален тренд, загадувањето кај нас, особено во Битола е многу големо. Гасната централа е еден сериозен исчекор во однос на намалувањето на загадувањето – вели Деспотовски.

Тој потсети дека покрај електричлна енергија, како додатен производ на гасната централа ќе биде топлинската енергија.

– Гасната централа на „Митилинеос“ двојно ќе го зголеми производството на топлинска енергија од гас. Потоа, во рамките на постојниот систем ќе добиеме за 40 проценти поевтина топлинска енергија, затоа што е таква формулата и ќе и озвозможи на државата да вложи во мрежа за да го зголеми бројот на домаќинста кои ќе се греат на централно греење – посочи Деспотовски.

Тој објасни и на кој начин гасната централа ќе доведе до поевтина електрична енергија.

– Добиваме поевтин извор на електрична енергија. Забораваме дека пред неполни две години се соочивме со сериозна енергетска криза. Државата во една година потроши близу 400 милиони евра за увоз на струја. А и во нормални услови ние трошиме 150 милиони евра за увоз на струја. Со овој проект таа енергетска зависност се намалува. Грачкиот „Митилинеос“ е голем играч на светскиот пазар, станува збор за компанија која во моментов има приход од 7-7,5 милијради евра и како таква има пристап до најевтиниот извор на гас на Европа, со цена на референтната холандска берза, тоа е пристап што државното ЕСМ го нема. Државата, така заначително ќе стана помалку зависна од гасот што доаѓа од Исток – појасни Деспотовски.

Цената на ЕСМ е околу 90 евра за мегават час, но струјата што се дава на ЕВН е по цена за 40 проценти пониска за да може таа струја да стигне со поевтина цена и до домаќинствата. Значи државата дава огроми пари за субвенционирање на електричнат енергија за домаќинствата, а како што нагласи Деспотовски, со гасната централа производствената цена би се намалила од 5 до 7 проценти годишно.

Во однос на критиките од јавноста дека стратешките инвестиции ги даваме на странци, место сами да ги градиме, Депотовски вели дека и самиот многу размислувал за тоа кои се агрументите „за“, а кои “против“ во однос на гасната централа, но дека фактите покажале оти многу е подобро ако стратешки партнер ни биде грчки „Митилинеос“. Тој вели дека само за да се изгради централата, заедно со цената на задолжувањето, требаат 400 до 420 милиони евра. Потоа, треба да се зме предвид дека ќе се потрошат барем две години отколку разни студии, процедура за задолжување. Во межувреме треба да се мисли на ЦО2 тарифите што постојат во Европа, а кои ќе треба да ги плаќа,ме како членка на Енергетската заедница. Што поголемо учество, на струја од јаглен, толку е поголем овој трошок.

– Државата за две години од денеска има обврска да ги воведе CO2 тарифите што веќе пстојат во Европа. Ние во моментов доминантно произведваме елкетрична енергија од јаглен, па секое одлагање на проектот, подразбира дека годишениот товар на сметкте на струја ќе бидат дополнителни 50 милиони евра – вели Деспотовски.

Тој потсети и дека ако државата е носител на овој проект, нема да го има данокот на добивка, а ќе мора да плаќа и придонеси, односно сите давачки што би ги плаќал приватниот инвеститор, а тоа во период од 20 години е некаде околу 100 милиони евра.

– Треба да се земат и во пердвид одржувањето на централата. Така, почетно ние би требале да дефинираме од каде и како ќе обезбедиме износ од 600 до 700 милиони евра – вели Деспотовски.

Според него, во однос на дилемата дали државата може да изгради ваква гасна централа, всушност е прашањето: „По каква цена државата би го обезбедувала гасот?“

– Дирекцијата на ТИРЗ како државна институција, за компаниите во зоните набавува гас чија цена е двојно повисока од цената што ја обезбедува „Митилинео“ на холандкста берза, затоа што ние како држава сме многу мал потрошувач за да имаме таму пристап- вели Деспотовски.

Според него нема голема и мала државна помош за еден проект, туку е важно што тој ќе ни донесе. Во овој случај, со 50 милиони евра државна помош, или со 17 проценти од инвестицијата, ќе добиеме многу во однос на стандардот, буџетските трошоци, животната околина, а во државава ќе се внесе и врвна европска технологија.

За новите стратешки инвеститори, за привлегиите што ги добиваат како странските, така и домашните компании, за новите очекувања во технолошко-индустриските развојни зони,  прочитајте го целото ВИДЕОИНТЕРВЈУ во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот