ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Алберт Мемети, Ромалитико: Ромските политичари многу малку се интересираат за Ромите помеѓу два изборни циклуси

Алберт Мемети / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Полека одминува и третата декада, која последователно македонската држава ја прогласува за „Декада на Ромите“, а притоа Ромите се веројатно единствената етничка група во земјава, која никако не успева да избори за инклузивност во општеството.

Секако дека проблемот може да се пронајде во државата, во локалната самоуправа и кај другите етнички групи коишшто живеат во Македонија, но добар дел од проблемот лежи и кај политичките претставници на Ромите. Затоа постои големо незадоволство кај ромската заедница од самите политички партии и не само од ромските туку и од меинстрим партиите, големите партии. Затоа што секогаш кога одите вие пред избори ги посетуваат, ветуваат и слично, меѓутоа степенот на реализација е многу мал од тие ветувања.

– Ромските политичари се активни од еден изборен циклус до друг изборен циклус. Во меѓувреме каков е проблемот па тие одат да ги посетат гласачите, меѓутоа ромските политичари многу малку се посветуваат да бидат присутни во текот на целиот мандат – вели Алберт Мемети од „Ромалитико“ во емисијата „Слободен печат“.

Ромалитико е невладина организација чии претставници цели 11 години се обидуваат да ја променат незавидната положба во која се наоѓаат бројни Роми во Македонија. За таа цел од оваа организација беше промовирана алатката за инклузивноста на Ромите – Ромалитико барометар. Се работи за поголем број на бази на податоци, кои на Ромите од цела Македонија би требало да им обезбедат полесен пристап до социјална правда и остварување на целокупните граѓанските права. Мемети објаснува дека инклузивноста на Ромите е отежната во општините со мешано население.

– Во некои општини асфалтирањето на патот завршува пред почетокот на ромските населби, што е класичен системски антициганизам – вели Мемети.

Целото интервју со нашиот гостин погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот