
ВИДЕО+ФОТО | Минијатурна куќичка во шума инспирирана од „шумската купка“
Оваа модерна викендица има 17,6 квадратни метри, голем кревет, шпорет на дрва, чајна кујна, мала маса со две столчиња, тоалет и туш. Се наоѓа среде шума во САД и може да се изнајми…
Препорачано
Луѓето желни за дигитална детоксикација одат во вакви мали куќички сместени длабоко во шумата, па таму се поврзуваат со природата и на тој начин се опоравуваат од стресот, спијат подобро и се полни со позитивна енергија.
Идејата е да се исклучите од светот во кој живеете секој ден, полека да ги користите сите ваши сетила, да размислувате помалку и повеќе да ја чувствувате таа тивка убавина што ве опкружува во природата.
Во Јапонија, оваа „шумската купка“ е еден вид на терапија што многумина ја користат за подобрување на менталното и физичкото здравје. Свесно ги насочуваат своите сетила кон природните дразби како звуците на природата, глетките, мирисите кои преовладуваат во шумата.
View this post on Instagram
Полека, оваа пракса се рашири низ светот и инспирираше многумина, а еден од нив е американскиот архитект Рико Кастилеро од „Further Society’“. Тој неодамна изградил минијатурна, модерна куќарка среде шумата во Сенди, во државата Орегон и започнал да ја изнајмува.
View this post on Instagram
Тој ја нарече „Woodlands Hideout“ а ја направил така што луѓето кои остануваат во неа што е можно повеќе се поврзуваат со околината и ја искусуваат шумата. Куќата има 17,6 квадратни метри, голем кревет, шпорет на дрва, чајна кујна (има мијалник, тостер, чајник, кафемат и мини фрижидер скриен зад вратата од шкафот под шанкот), мала маса со две столчиња, тоалет и туш.
View this post on Instagram
„Голем дел од внатрешноста е обложена со OSB панели кои не се користат често како главен материјал за завршна обработка. Го избрав OSB затоа што е исплатлив материјал, а исто така му дава топлина и текстура на целокупниот изглед, без да создава дополнителни визуелни одвлекувања“, објасни Кастилеро.
View this post on Instagram
„Намерата ми беше да изградам едноставен простор кој би бил одличен за да се оддалечите од светот, каде што луѓето ќе се чувствуваат безбедно и во исто време ќе имаат одредено ниво на удобност, простор кој ќе биде функционален во сите годишни времиња. Исто така, сакав овој простор да биде достапен како и погоден за подолг престој, на пример за креативци и уметници кои сакаат да побегнат од се и да творат“, додаде тој.
Неговата куќичка, како што вели тој, всушност е комбинација од рустикално искуство во природа и уживање во сите удобности на еден хотел.
Оваа модерна колиба се потпира на челична конструкција. Надворешниот дел е покриен со бор и црн метал. Покривот е наведнат за да се олесни лизгањето на борови иглички, лисја… Напред е дрвената тераса која е одлична за одмор, а големиот прозорец и двојната врата овозможуваат внатрешноста на колибата да се отвора нанадвор, кон шумата и на тој начин се поврзуваат внатрешноста и надворешноста за максимално уживање во природата, пренесува treehugger.com.
View this post on Instagram
Оваа куќичка може да се изнајми преку „Airbnb“, каде што ќе најдете повеќе фотографии, за околу 300 долари од ноќевање.
Како изгледа оваа куќа погледнете во видеото: