ВИДЕО+ФОТО | Голем јубилеј: 20 години од првата Модна недела одржана во Скопје

Фото: Принтсктин-Инстаграм/Фејсбук

Модна недела е настан од модната индустрија, кој трае скоро цела недела и им овозможува на модните творци, брендови или „куќи’’, да ги изложат нивните последни колекции на модните ревии и купувачите и медиумите да ги погледнат најновите трендови. Што е најважно, овие настани и овозможуваат на индустријата да дознае што е „ин’’ а што „аут’’ за сезоната.

Најзначајните модни ревии се одржуваат во четири модни престолнини на светот: Њујорк, Париз, Лондон, и Милано, а пред дваесет години се одржала и првата Модна недела во нашиот главен град.

 

Големиот јубилеј беше прославен со модна ревија на која продефилираа Снежана Богдановска – Сани, Светлана и Мики Црнокрак, Ирена Спировска, Вера Мештеровиќ, Ана Биновска, Марија Васиќ, Драгана Клопчевска, Армандо Чаволи, Коки Лондза и Оливер Димитровски, потсетувајќи на едни од најубавите денови на македонската мода.

Фото: Принтсктин-Инстаграм/Фејсбук

Тие пред 20 години учествуваа на првата Модна недела, што тогаш се  одржа во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

За некои од нив манекенството и модата сè уште се дел од нивното секојдневние и начин на живот, а за други само убав спомен од младоста.

Фото: Принтсктин-Инстаграм/Фејсбук
Фото: Принтсктин-Инстаграм/Фејсбук
Фото: Принтсктин-Инстаграм/Фејсбук
Фото: Принтсктин-Инстаграм/Фејсбук
Фото: Принтсктин-Инстаграм/Фејсбук
Фото: Принтсктин-Инстаграм/Фејсбук
Фото: Принтсктин-Инстаграм/Фејсбук
Фото: Принтсктин-Инстаграм/Фејсбук
Фото: Принтсктин-Инстаграм/Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот