
ВИДЕОАНКЕТА | Кој лик би го ставиле на македонска банкнота?
Ако парите зборуваат, тогаш чиј лик заслужува да биде на македонска банкнота? Симболите на една држава често се гледаат токму на банкнотите. На нив се личности што оставиле белег во културата, историјата или во секојдневниот живот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Се упативме во центарот на Скопје со прашањето:
– Кој лик би го ставиле граѓаните на македонска банкнота? И зошто?
Тоше Проески – беше најчестиот одговор на анкетираните.
– Па, најдобар пример, сè во едно – убавина, дух и мислам дека со друг нема споредба – вели еден господин.
– Тоше, се знае. Легенда за сите времиња – додаде друг.
Граѓаните велат дека неговата хуманост, талент и искрена љубов кон Македонија го прават совршен симбол за на банкнота.
Една госпоѓа го спомна Гоце Делчев како вечен борец и обединувачка фигура во историјата.
– Затоа што се борел за Македонија – објаснува таа.
– Никола Груевски. Добро се покажа додека беше на власт – вели младо момче.
За друг, ликот на Кире Лазаров треба да се најде на банкнота како симбол за врвен спортист од европски и светски рамки.
– Како најдобар ракометар, Кире е инспирација за многумина – објаснува тој.
– Мајка Тереза. Ја знае целиот свет – додаде еден случаен минувач што ни објасни дека ја гледа како светски хуманистички симбол со македонски корени.
– Александар Велики. Конечно да се каже од каде е – изјави една госпоѓа.