
ВИДЕОАНКЕТА: Дали со новите таблички ќе се стави крај на злоупотребата на службените возила?
Владата најави нова мерка со која до 15 септември сите службени возила ќе мора да имаат регистарски таблички со посебна боја, со цел да се зголеми транспарентноста и да се спречи нивна злоупотреба во приватни цели.
Препорачано
„Слободен печат“ ги праша случајните минувачи што мислат за оваа одлука и дали таа навистина ќе донесе резултати.
– Не знам дали табличките ќе се сменат до локалните избори, ама треба да се сменат – вели еден случаен минувач, кој знае за одлуката на Владата.
– Треба да го сменат размислувањето, не табличките – иронично ни одговори еден случаен минувач.
Многу од анкетираните беа запознаени со вакви случаи.
– Не знам дали ќе се преземе нешто или пак само некој популизам – додава еден господин за новата мерка.
– Денеска ја добив таа информација, дека до 15 септември треба да се сменат сите таблички за службени возила, мислам со црвена боја дека беше – вели случаен минувач.
Повеќето се сложуваат со мерката и сметаат дека на тој начин ќе се спречи злоупотребата на возилата.
– Сметам дека треба да сменат табличките. Ама таа постапка, дали ќе биде во рокот што го утврди Владата, не сум сигурен, бидејќи кај нас се знае дека тие работи одат малку на подолг период. Меѓутоа е за пофалба оваа промена. За да можат службените возила да се користат навистина за намената за што се и одредени – објаснува еден господин.