ВИДЕО: Затворен еден објект во Куманово, поднесени две кривични за непочитување на протоколите

Инспекторите од Пазарниот инспекторат затвориле еден објект во Куманово поради непочитување на протоколот за работа и поднеле две кривични пријави за угостителски објекти во Струга и Прилеп во периодот од 2 до 8 овој месец.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска денеска на прес-конференција во Владата информираше дека во овој временски период направени се вкупно 5503 контроли од кои Пазарниот инспекторат има направено 3743 контроли и 614 надзори. Здравствниот и санитарен инспекторат спровел 67 надзори и издал шест решенија поради коснтатирани неправилности. Здраствените инспектори во овој период издале и 11 523 решенија за самоизолација и домашно лекување на лица позитивни на вирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице.

– Овие служби деноноќно работат со полн капацитет и така ќе продолжат и во следниот период. Но во целиот процес потребна и поддршка и помош од секој граѓанин преку почитување на мерките, но и од стопанственците преку почитување на здравствените протоколи. Оваа поддршка ни е потребна повеќе отколку во изминатите осум месеци, истакна Филиповска-Грашкоска на прес-конференцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот