Фото: Принтскрин/ТикТок

ВИДЕО | Забременила на 14 години, па со бебето дошла на матура

Ешли Хејзелтон (16) од Велика Британија останала бремена на 14 години. Поради ова некои ѝ зборувале дека нема да биде добра мајка и дека нема да може да го заврши училиштето, а таа, неколку недели по породувањето, се вратила на училишните обврски, а на матурската вечер дошла со својата едногодишен син Лоренцо, пишува британски „Сан“.

Фото: Принтскрин/ТикТок

Мајката на Ешли Хејзелтон, Хејли Трикер (38) го снимила моментот кога Ешли излегла од лимузината носејќи го бебето во раце.

– Излегов од автомобилот и сите се затрчаа кон нас, го скандираа моето име и се собраа околу нас. Чувствував дека сите ме поддржуваат – рекла оваа матурантка, додека нејзината мајка додала:

„Не можам да ви опишам колку сум горда на неа. Да, таа се породи на 15 години, но исто така се врати на училиште и направи сè што требаше да направи иако поминаа само шест недели од породувањето. Положи испит со најдобри оценки, што е неверојатно. Продолжи со учењето, а потоа се вратила дома и брилијантно ја прифатила улогата на мајка!“

@ashleighhazelton6♬ original sound – Angel


Хејли Трикер е среќна што другарите и наставниците ја поддржуваат нејзината ќерка, па истакна: „Беше одлично да се види реакцијата на другите деца кои знаат дека не ѝ било лесно, а и наставниците се неверојатни“.

Снимката од матурата е специјално направена за бабата на Ешли Хејзелтон, која живее во Нов Зеланд, па не ги гледа правнукот и внуката која деновиве штотуку ги предаала документите за прием на факултет.

@ashleighhazelton6 I have no words for the vidoe ?#prom ♬ Pony x Only Girl In The World by Altegomusic – ALTÉGO

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот