
ВИДЕО | Вознемирувачко искуство на ќерката на Чарли Шин: „За малку ќе станев жртва на трговија со луѓе, тој човек нè следеше!“
Сами Шин, 21-годишната ѕвезда на социјалните мрежи и ќерка на актерите Чарли Шин и Дениз Ричардс, сподели вознемирувачко искуство кое ѝ се случило неодамна, тврдејќи дека „за малку не станала жртва на трговија со луѓе“.
Препорачано
Во видео објавено на нејзиниот тикток-профил, Шин раскажува дека вечерта излегла со пријателка во ресторан и останале до полноќ.
„Мислам дека вечерва за малку не станав жртва на трговија со луѓе. Со другарка ми бевме во ресторан до доцна, излеговме околу полноќ. И кога излеговме, на паркингот се сликавме“, започна таа.
Таа објаснува дека додека правеле фотографии околу пет минути, им се приближил маж и им побарал пари.
„Му реков: ‘Жалам, немам готовина’, бидејќи навистина не носам готовина со мене“, раскажува таа.
Но, мажот бил упорен и ја прашал дали може да му испрати пари преку апликација.
„Му реков: ‘Жалам, не’, и тој рече: ‘Добра вечер’, а потоа се завртев и пред нас стоеше друг маж“, раскажува Сами.
Таа вели дека веднаш почувствувала непријатност и страв, опишувајќи го чувството како „најлошото чувство во стомакот“. Кога ја погледнала пријателката, сфатила дека и таа се чувствува исто.
Вториот маж ги прашал дали зборуваат шпански, што тие не го зборуваат, и продолжил да зборува нешто што не го разбирале.
„Потоа тој почна да турка рака во задниот џеб. Па јас посегнав во чантата, го извадив спрејот за самозаштита и го отворив“, вели ќерката на познатите актери.
Не виделе што сакал да извади, но решиле веднаш да се вратат во автомобилот и да ги заклучат вратите.
„На пат кон дома разговаравме цело време за тоа што се случи, бидејќи беше многу чудно. Мислам дека работеа заедно, не знам…“, рече таа.
Дополнително, додека ги разгледувале фотографиите што ги направиле на паркингот, сфатиле дека мажот ги набљудувал цело време. Се појавил на неколку фотографии – во позадина, од далечина.
„Обично сум многу свесна за околината, а него воопшто не го забележав. Затоа ова нека ви биде знак да внимавате уште повеќе и да му верувате на чувството во стомакот. Дури и ако сè било безопасно – подобро е да се заштитите, отколку да жалите“, завршува Шин.
@samisheenthe photo sends shivers down my spine♬ original sound – sami sheen