ВИДЕО | Водата во Крива Река повторно е заматена, сомнеж за нова хаварија во рудникот Тораница

Повторно е забележано заматување на водата во Крива Река. Видеоснимки и фотографии објавени од порталот Инфомакс и граѓани на социјалните мрежи покажуваат значително затемнета вода, што предизвика нови сомнежи за еколошки инцидент.

Неофицијално причината е нова хаварија во рудникот „Тораница“, кој и во март годинава беше во центарот на јавноста поради пукната цевка и истекување на јаловина. Тогаш, според анализите на општината и на Институтот за јавно здравје, беа регистрирани зголемени концентрации на тешки метали и цијаниди во водата.

Засега нема официјално соопштение од надлежните институции. Од Општина Крива Паланка и од Министерството за животна средина се очекува да излезат со информации дали повторното заматување е резултат на нов дефект во рудникот и дали има ризик по здравјето на населението и животната средина.

Граѓаните бараат итна реакција и трајни решенија, со потсетување дека претходниот случај сè уште е предмет на постапка пред Јавното обвинителство.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски последниот пат кога се случи ваква еколошка катастрофа сам зема мостри од водата од Крива Река која согласно тогашните резултати не смееше да се користи за ништо. Митовски поднесе и кривична пријава против одговорните лица во рудникот која досега сè уште не е процесуирана.

Не само што власта не ја процесуираше пријавата туку директорот на „Булмак“, Тони Тоневски го кандидираше за кандидат за градоначалник на Пробиштип.

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид откако пукнала цевка во рудникот „Тораница“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот