
ВИДЕО | Во што удира млазот на црната дупка? Астрономите сè уште немаат сигурен одговор
Огромен млаз материјал исфрлен од црна дупка оддалечена 12 милиони светлосни години удира во нешто во вселената. Астрономите не се сигурни во што.
Препорачано
Структурата се појави на неодамнешната ултра-длабока рендгенска слика на галаксијата Кентаур А која ја снимила опсерваторијата за рендгенски зраци Чандра на НАСА.
Мистериозната пречка е наречена C4. Емитува многу X-зраци.
Неодамнешните откритија на астрономскиот тим за Кентаур А и изненадувачката опструкција беа објавени во магазинот The Astrophysical Journal.
Црните дупки се подрачја на време-просторот со толку интензивна гравитација што дури и светлината не може да побегне подалеку од точката наречена хоризонт на настани.
Тие можат да бидат со неколку пати поголема маса од нашето Сонце (со исклучок на постоењето на исконски црни дупки) до многу милијарди пати поголема од масата на Сонцето.
Црните дупки, исто така, понекогаш испуштаат млазови од честички кои се движат речиси со брзина на светлината. Овие млазови можат да катализираат ѕвездени ерупции – буквално, да предизвикаат експлозии на ѕвезди – како и да бидат неверојатно големи. Во септември, група астрономи идентификуваше млазови од црни дупки 140 пати поголеми од ширината на Млечниот Пат.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
31мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5