ВИДЕО: Влаховиќ погоди за еуфорија во Торино, Интер повеќе му се радува на бодот

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Фудбалерите на Јувентус ремизираа 1:1 со Интер во Торино во дербито од 13 коло во Серија А. После ова реми „нераѕурите“ останаа на првото место во италијанскиот шампионат, задржувајќи ја предноста од два бода во однос на клубот од Торино.

Прв се закани домаќинот преку Киеза, кој практично најави што ќе се случи во 27 минута. Токму Киеза асистираше до српскиот репрезентативец Влаховиќ кој беше немилосрден и го совлада Зомер.

Радоста на домашните навивачи траеше само шест минути колку што на Интер му требаше да го израмни резултатот. Одлична контра повлече Тирам, кој му ја додаде топката на Лаутаро Мартинез, а Аргентинецот умешно израмни за гостите од Милано.

После тоа, навивачите не видоа многу во Торино, Интер имаше теренска иницијатива преку поголем посед на топката, но во вториот дел не покажа преголема желба да го нападне Јувентус.

Ни „Старата дама“ немаше преголем интерес да дојде до нов погодок, па на крајот дербито во Италија заврши без победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот