Илустрација / Фото: Pexels / Max Vakhtbovycn

ВИДЕО | Ви треба само една ситница: Трик со кој ќе дознаете дали вашиот замрзнувач работи добро

Многумина во домаќинството поседуваат замрзнувач. Редовно се користи за чување месо, храна и други намирници.

Меѓутоа, ако замрзнувачот се расипе, тоа може да значи дека заедно со него ќе се расипе и целата храна што била во него. Сигурно се прашувате како би знаеле дека замрзнувачот ќе ви се расипе. Нема да верувате, има едноставен одговор на ова прашање.

Жената по име Кејт Хал открила интересен трик со кој можете да проверите дали вашиот замрзнувач работи правилно. Според „Експрес“, таа препорачува и инвестирање во замрзнувач и термометар во фрижидер со далечински сензори, за да можете да ја следите температурата внатре без да ја отворите вратата.

Она што треба да направите е да наполните мал сад до половина со вода и да го ставите во замрзнувач додека не замрзне. Кога водата ќе замрзне, ставете мала монета на површината.

Ако вашиот замрзнувач работи правилно, монетата треба да остане на површината, но ако потоне, тогаш ќе знаете дека не работи правилно.

„Доколку откриете дека температурата е прениска или дека мразот се топи, прво што треба да направите е да се јавите кај производителот, кој ќе ви даде инструкции што треба да правите“, рекла таа.

Таа додаде дека е важно редовно да се одмрзнува замрзнувачот, односно на секои шест месеци, но важно е и да не се полни со премногу храна, бидејќи мора да се остави малку простор за циркулација на воздухот.

Освен тоа, таа вели да избегнувате да ставате топла вода или храна во замрзнувачот и многу е важно да ја чувате храната како што е препорачано од производителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот