ВИДЕО | Ветеранка која го обожавала Трамп: Која е жената која е убиена во Конгресот?

Американските медиуми го открија идентитетот на жената која беше убиена вчера при обидот за упад во Конгресот каде се одржуваше седница за потврда на победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Настрада Ешли Бебит, ветеранка од американското воено воздухопловство од Сан Диего, пренесува Индекс.хр, повикувајќи се на Њујорк пост.

Непосредно пред упадот на поддржувачите на Трамп во Конгресот, таа на Твитер напишала дека „ништо нема да ги запре“ и дека „бурата стигна“.

– Ништо нема да не запре. Може да се обидат, но бурата е тука и се спушта на Вашингтон во помалку од 24 часа. Темнината се претвора во светлина, напишала таа вчера на Твитер.

Моментот кога таа е убиена се појави како снимка на социјалните мрежи.

Само неколку часа пред да упадне со останатите поддржувачи на Трамп во Конгресот, Бебит на Твитер објавила список од работи кои „мораат да бидат направени пред да се состане Конгресот“.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Моментот кога е застрелана жена во мешаницата во Конгресот

Нејзиниот список вклучувал оставка на потпретседателот Мајк Пенс и поднесување обвинение против него за предавство. Пенс, потсетуваме, вчера не сакал еднострано да одбие верификација на електорските гласови, заради што Трамп го нападна на Твитер.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот