Украина/Фото: Скриншот/Твитер

ВИДЕО | Украинско МВР: Од територијата на Белорусија истрелани руски ракети „Искандер

Руските ракети Искандер, лансирани се денеска од територијата на Белорусија кон Украина околу 17 часот и го погодија аеродромот во Житомир, изјави Антон Херашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

Според договореното украинските и руските официјални лица треба да се состанат поради разгoвори на засега непозната локација на белоруската граница со Украина, соопштија денеска од кабинетот на пратседателот на Украина Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.

Но, рускиот ракетен систем „Искандер“ има досег од над 500 километри и се наменети за уништување на противничките аеродроми, авиони, радари и командни центри.

На ова преку Твитер укажа Франак Виачорка, белоруски новинар кој предупреди дека веќе се лансирани кон Украина руските „Искандери“ и тоа од белоруска територија.

-Лукашенко вети дека ќе прекине со огнот во текот на преговарачкиот период. Тој или лажеше или не ја контролира повеќе ситуацијата, нагалсува Виачорка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот