ВИДЕО | Toтенхем испушти нови бодови во битката за ЛШ, Евертон се спаси од пораз против Њукасл

Фото: EPA-EFE/DAVID CLIFF

Eкипата на Тотенхем загуби уште два бода во трката за четвртото место на табелата во Премиер лига откако вечерва одигра реми (1:1) против Вест Хем.

Лондонското дерби донесе интересен фудбал со шанси и на двете страни, а на крајот ривалите ги поделија бодовите. Тотенхем прв дојде до водство со голот на Џонсон, додека Вест Хем успеа да го израмни резултатот во 19. минута преку Курт Зума.

Во самата завршница видовме по една одлична прилика и на двете резултати, но резултатот не се промени.

Евертон вечерва ја прекина серијата од три пораз и освои бод на тешкото гостување кај Њукасл. Исак погоди за водство на домаќините, додека Евертон со голот на Калверт-Луин од пенал во 88. минута се спаси од пораз.

На останатите три средби Бормут со минимални 1:0 го совлада Кристал Палас, Нотингем со 3:1 беше подобар од Фулам, додека Барли и Вулвс одиграа 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот