ВИДЕО: Торнадo и силна бура срамни со земја град во Мисисипи, најмалку 23 лица загинаа

Најмалку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во торнадото и силната бура со грмотевици што синоќа зафати дел од американската сојузна држава Мисисипи, соопшти државната агенција за вонредни состојби и извести дека торнадото предизвикало материјална штета во област подолга од 160 км.
Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување и спасување трагаат по преживеани откако невремето ја погоди областа Сивер Сити во западен Мисисипи, соопшти државната Агенција за вонредни состојби.
„За жал, очекуваме овие бројки да се променат, најавија тие“, мислејќи на бројот на загинати.
Си-Ен-Ен јавува дека тимови за пребарување и спасување биле и во Ролинг Форк, градот најтешко погоден од торнадото.
First Light of Rolling Fork Mississippi after a Violent #Tornado last night. #mswx @SevereStudios @MyRadarWX pic.twitter.com/NG0YcI3TQn
— Jordan Hall (@JordanHallWX) March 25, 2023
-Никогаш досега не сум видела вакво нешто, изјави Бренди Шооа за Си-Ен-Ен. „Ова беше убав мал град, а сега го нема“.
Ловците на бури испратиле најмалку 24 извештаи за торнада до Националната метеоролошка служба во текот на ноќта.
😪Rolling Fork, Mississippi after tornado last night pic.twitter.com/pSXOv3Ef9L
— Truthseeker (@Xx17965797N) March 25, 2023
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат урнати згради и автомобили превртени на страните, како и групи луѓе кои се обидуваат да излезат од урнатините.