ВИДЕО | Тиктокер покажа како изгледа животот на Јужниот пол и како да се облечете на -73 степени Целзиусови
Тиктокерот Џеф Капс веќе некое време престојува на Јужниот пол. Тој објави неколку видеа на социјалната мрежа и на своите следбеници им покажа како изгледа животот на едно од најстудените места на Земјата.
Во едно од видеата тој се снимал себеси како се обидува да истури пијалок од лименка на Антарктикот, но она што се случило е изненадувачки. Додека го истурал пијалокот во чашата, течноста се замрзнала и лименката останала во воздухот поврзана со замрзнатиот пијалок. Во описот на објавата напиша дека во тој момент на Јужниот пол бил -64 степени Целзиусови.
@thejeffcapps Trying to enjoy a soda at -64°C back in March #southpole #antarctica #antarctic #frozen #winteriscoming ♬ original sound – thejeffcapps
Многумина во коментарите се чудеа како неговиот мобилен телефон воопшто работи со оглед на студот, но тој објасни дека уредот му се исклучувал секоја минута. Во едно од претходните видеа, Џеф покажа дека носи неколку слоеви облека на толку ниски температури – мора да стави и капа, качулка, шал и многу дебели ракавици. Во времето кога снимал, температурата на Антарктикот била -73 степени Целзиусови.
@thejeffcapps Here’s how we stay warm in some of the most extreme temperatures on Earth! #southpole #antarctica #antarctic #extremecold #extreme ♬ original sound – thejeffcapps
Неговите следбеници во коментарите пишуваат дека е навистина храбро да се снима на толкав студ. Видеата на Џеф на TикТок собраа милиони прегледи.
Инаку, пред 13 години на Антарктикот е измерена температура од -93,2 степени Целзиусови, што во моментов е најниската измерена температура во природа на Земјата.
@thejeffcapps How to get a tan at the South Pole #southpole #antarctica #antarctic #suntan ♬ original sound – thejeffcapps