Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Тест од неколку секунди открива како функционира вашиот мозок

Дали вашиот мозок сè уште е во форма? Пробајте го овој тест и дознајтe како функционира вашиот мозок.

Нема сомнеж дека со возраста мозокот почнува да слабее и повеќе не функционира како порано. Затоа е многу важно практично секој ден да го стимулирате и да не му дозволите да закржлави предвреме.

Постојат многу практични тестови кои можат да се користат за да се утврди колку добро нашиот мозок работи. Во продолжение ви претставуваме токму таков, едноставен тест.

Терапевтот Џејмс Мур, кој редовно им дава разни здравствени совети на своите следбеници на Инстаграм, овој пат покажа како се прави едноставен тест кој ќе покаже колку добро функционира вашиот мозок.

„Секој врв на прстот има повеќе од 3.000 механорецептори кои делуваат како ‘автопат’ до вашиот мозок – конкретно до неговиот сетилен кортекс“, објаснува тој.

Додава дека ако можете да ја направите оваа вежба, немате проблем – вашиот мозок работи правилно. Ова е исто така добра вежба за стимулирање на мозокот – сепак, важно е да продолжите да се движите за да останете фит.

Терапевтот вели дека со ваквото движење на прстите „ги подобрувате синапсите (врските меѓу нервните клетки) и ги активирате невроните, што е одлично за функцијата на мозокот“.

Само неколку вежби помагаат во борбата против одредени болести кои предизвикуваат слабеење на мозочните функции. Затоа, не ги избегнувајте.

Во продожение погледнете го видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот