Фото: Screenshot

ВИДЕО | Тенисер направи скандал во Шангај, со рекетот ја гаѓаше публиката

Мастерсот во Шангај стартуваше бурно, откако холандскиот тенисер Ботик ван де Зандшулп направи сериозен инцидент на својот прв натпревар..

Фрустрацијата по изгубен сервис-гем во првиот сет против Португалецот Нуно Боргеш прерасна во неконтролирана реакција и холандскиот тенисер најпрво ја исфрли топката надвор од теренот, а потоа и го фрли и рекетот кон трибините, кој за среќа не удри никого, но мина блиску до неколку гледачи.

Иако правилата за вакво однесување се јасни и предвидуваат дисквалификација, главниот судија се одлучи само за опомена. Таквата одлука беше изненадување за присутните кои на трибините кои ја испратија со бурни реакции, а подоцна следуваа и критики од јаавноста.

На крајот Холанѓанецот секако беше елиминиран бидејќи го загуби мечот.

 

Posts from the tennis
community on Reddit

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот