Џеф Безос и Лорен Санчез / Фото: Piovanotto Marco/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ВИДЕО | Таа жестока, тој вкочанет: Џеф Безос и Лорен Санчез „уловени“ во ноќен клуб на Ибица, сите гледаат во нивниот чуден танц

Лорен Санчез и Џеф Безос продолжуваат да привлекуваат внимание по нивната повеќедневна гламурозна венчавка. Овој пат новиот брачен пар беа снимени како танцуваат во ноќен клуб на Ибица.

По луксузната венчавка вредна 50 милиони долари во Венеција кон крајот на јуни, Лорен Санчез и Џеф Безос го продолжија својот меден месец на најексклузивните европски дестинации.

Неодамна беа видени во ноќен клуб на Ибица, каде што Лорен уживаше во жесток танц, енергично нишајќи ги колковите и фрлајќи ја главата напред-назад, додека Џеф изгледаше вкочанет покрај неа, движејќи се само малку во ритамот на музиката.

Двојката изгледаше целосно опуштено и изгубено во музиката додека уживаше во живиот ноќен живот на островот, но разликата во нивните стилови на танцување брзо стана вистински хит на социјалните мрежи.


Инаку, патувањето на Ибица дојде само еден ден откако беа на море со Леонардо Дикаприо и неговата девојка Виторија Черети, крстарејќи со суперјахтата на Безос, вредна 500 милиони долари, Кору. Брачната двојка го поминува медениот месец на најпрестижните медитерански локации – од Италија и Франција до Ибица и луксузни хотели, како што е палатата Сан Доменико на Сицилија, позната и како една од локациите за снимање на серијата „Бел лотос“.

Џеф Безос им оставил на вработените во хотелот во Венеција 45.000 евра бакшиш по свадбата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот