ВИДЕО | Судии пијани дошле да судат натпревар, фудбалерите ги пријавиле во полиција

Фото: Screenshot

Неверојатна вест ни пристигнува од летонскиот фудбал, односно од пониските рангови во оваа земја.

Имено, во натпревар од третата лига во Летонија, судијата Андрис Крастис и неговиот помошник Сергеј Калмук дошле да судат натпревар под дејство на алкохол. Нивната состојба веднаш била забележана од фудбалерите на двете екипи кои го пријавиле случајот.

На стадионот веднаш пристигнало полиција, а откако било потврдено дека судиите се во алкохолизирана состојба биле приведени. Реакција имал и Фудбалскиот сојуз на Летонија кој ги суспендирал доживотно, натпреварот бил одложен и презакажан за следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот