ВИДЕО: Страшен пожар во фабрика во Милано, шестмина повредени

Фото Твитер принтскрин

Шест лица се повредени, од кои едно потешко, во пожар што денеска избувна во фабриката Нитролхимика во индустриската зона во Милано, која се занимава со производство на растворувачи и отстранување на опасен отпад.

Според локалните медиуми, изгореле илјадници литри растворувач, а од граѓаните е побарано да ги затворат прозорците.

Во гаснењето на пожарот учествувале околу 100 пожарникари, додека полицијата го обезбедувала теренот.

Биле ангажирани и хеликоптери кои земале примероци од воздухот за да се провери загадувањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот