Фото: EPA-EFE/PAVEL BEDNYAKOV / POOL

ВИДЕО | Стивен Сигал присуствуваше на парадата во Москва: Актерот е долгогодишен поддржувач на Путин

Актерот Стивен Сигал присуствуваше на денешната парада во Москва по повод Денот на победата над фашизмот, а беше забележан во кадарот за време на преносот во живо како ја гледа парадата на тенковите од Втората светска војна.

Неговото појавување на парадата не е изненадување со оглед на тоа што холивудскиот актер е долгогодишен поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, па дури и се приклучи на партија блиска до Кремљ. Сигал официјално е руски државјанин од 2016 година, а ја има и функцијата специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи меѓу Русија и Соединетите Американски Држави.

Сигал никогаш не ја криел својата поддршка за рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „еден од најголемите светски лидери, ако не и најголемиот, кој е жив денес“.

Во 2023 година, Путин му го додели Орденот за пријателство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот