Фото: Принтскрин/ Твитер

ВИДЕО | Снимка од дочекот во Париз е вирална, а причината за некои е морничава: Ова е толку тажно

Париз за новогодишната ноќ беше осветлен со огномет и неверојатно ласерско шоу пред Триумфалната капија, додека илјадници луѓе се ределе по улиците за да ги гледаат последните секунди од 2023 година.

Иако спектаклот одушеви многумина, еден детаљ предизвика негативни коментари кај корисниците на социјалните мрежи, кои сакаа да ги споделат своите ставови. Снимките споделени на интернет покажаа огромен број луѓе како ги држат своите мобилни телефони и ја снимаат прославата.

„Ниту една личност не живее во моментот“, напишал еден корисник на „Икс/Твитер“ (X/Twitter) над видеото.

„Ова е некое дистописко с***е“, одговорил еден корисник, додека друг додал: „Ова е толку тажно, како да има толку многу копии на интернет, зошто само не уживате во животот“.

„Престанав да го правам тоа“, додал трет. „Зошто да снимате нешто што стотици други го снимаат? Некој друг има подобра снимка од тебе. И можете да ја најдете на Јутјуб или на социјалните мрежи. Едноставно нема смисла, спуштете го телефонот и уживајте во моментот“.

Во меѓувреме, други застанале во одбрана на набљудувачите, при што еден истакнал:

„Кој одлучи дека „фаќањето“ на моментот не е исто што и уживањето во моментот?

Тој продолжил: „Имам спомени уште од детството на мајка ми со полароид камера или видеокамера што го снимиле моментот. Тоа не ја „украло“ радоста на моментот“.

Друг истакнал: „Не знам дали сте свесни или не, но моите очи сè уште работат додека мојот телефон снима. Сè уште живеам во моментот, дури и ако држам метален правоаголник во тој момент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот