Фото: Фејсбук / скриншот

ВИДЕО | Снимка од Чикаго е хит – човек на точак им бега на 20 полицајци

Група агенти на американската Гранична патрола во неделата во Чикаго бркале и не успеале да стигнат човек, кој им избегал на велосипед, јавија американските медиуми.

Според извештаите, човекот ги исмејувал полицајците и постојано им повторувал дека „не е државјанин на САД“.

Снимката од брканицата во блокот од 300 метри на улицата „Норт Дирборн“ ја снимил Кристофер Свит, кој рекол дека агентите го бркале велосипедистот откако тој „дал вербални коментари, но без физички или заканувачки контакт“.

На видеото се гледа како велосипедистот постојано им повторува на агентите: „Јас не сум државјанин на САД“ и „Ајде“. Во еден момент, изгледа дека му паѓа телефонот од џебот, а се слуша како еден од агентите му дофрла: „Ти падна телефонот“. Додека велосипедистот го зема телефонот, неколку агенти се стрчуваат кон него, а тој како на филм успева да им побегне на 20-тината полицајци кои го бркаат.

Десетици федерални агенти беа забележани низ центарот на Чикаго во неделата.

Оваа демонстрација на сила доаѓа откако претседателот Доналд Трамп повеќепати се закани дека ќе испрати федерални агенти во Чикаго, но и во дузина други големи американски градови, во наводен обид да го заузда криминалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот