Јувентус ги разочара навивачите со поразот од Сасуоло во италијанската Серија А/Торино, Италија/27 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

ВИДЕО: Скудетото за Јуве како „научна фантастика“, бод за Удинезе и Несторовски

Три натпревари се одиграа во рамките од 10 коло во италијанската Серија А, составот на Јувентус повторно ги разочара своите навивачи откако загуби дома од Сасуоло со 1:2.

За составот на Алегри титулата оваа сезона делува како „научна фантастика“, моментно заостанува дури 13 бодови зад водечкиот Милан.

После првото полувреме водеше гостинот на стадионот во Торино со голот на Фратеси од 44 минута, израмни МекКени за „Старата дама“ во 76 минута, а конечниот епилог го постави Лопез (90+4`).

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски откако се врати од повредата втор меч по ред се наоѓа на клупата за резервни играчи, но и овојпат не доби шанса за настап.

Неговиот Удинезе одигра нерешено 1:1 со Верона, тоа е веќе четврти натпревар по ред во кој фудбалерите на Готи доаѓаат до реми.

Аталанта славеше со 1:3 кај Сампдорија, па така моментно во генералниот пласман во шампионатот води Милан со 28 бодови, пред Наполи (25) и Интер (18), Аталанта е четвртопласирана со 18, следуваат Рома (16) и Фиорентина (15), на седмото место е Јувентус со 15, по 14 Лацио и Сасуоло…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот